Тинејџерка тешко повредена во Центар откако ја удрил автомобил
Во незгодата, А.Б. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клини „Мајка Тереза“ во Скопје.
Деветнаесетгодишна девојка е тешко повредена и префрлена во Комплексот клиники „Мајка Тереза”, откако вчера патничко возило сеат леон со скопски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот Д.М. удрило во неа, информира МВР.
– На 20.03.2021 околу 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Св.Кирил и Методиј“, патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(31) од Скопје, удрило во пешакот А.Б.(19) од Скопје – се вели во соопштението од МВР.
Во незгодата, А.Б. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клини „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.