ТИНЕЈЏЕР СО НОЖ ИЗБОДЕЛ НАЈМАЛКУ ЧЕТВОРИЦА СОУЧЕНИЦИ Брутално насилство во училиште во Вупертал, Германија

Нема извештаи колку се тешки повредите и дали некој од учениците е во животозагрозувачка состојба.

214

Еден ученик изутрината повредил со нож неколку соученици во средно училиште во градот Вупертал во западна Германија, јавија германски медиуми.

Напаѓачот потоа бил совладан и фатен. Тој исто така е повреден, но не се знае дали сам себеси се повредил или е повреден при апсењето.






Полицијата околу 10 часот добила повик дека ученик нападнал други ученици во гимназијата и повредил најмалку четири лица, пренесува „Билд“. Нема извештаи колку се тешки повредите и дали некој од учениците е во животозагрозувачка состојба.

Поврзани содржини