„ТИЕ СЕГА СЕ ЖЕСТОКО НАПАЃАНИ, МОРА ДА ИСПРАТИМЕ ОРУЖЈЕ“ Трамп ја враќа воената помош за Украина по краткиот прекин
Пентагон соопшти дека, по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, повторно ќе започне испораката на оружје за Украина со цел таа да се брани додека САД се обидуваат да постигнат траен мир. Претходно беа стопирани клучни испораки, вклучително и ракети „Патриот“, ГМЛРС гранати, „Хелфајр“ ракети и муниција за хаубици.
Претседателот Доналд Трамп изјави в понеделник дека САД ќе мора да испратат повеќе оружје во Украина, само неколку дена по прекинот на испораките на клучни оружја кон Киев, објави Асоишиејтед прес.
– Мораме. Тие треба да можат да се бранат. Сега се погодени многу жестоко. Ќе испратиме повеќе оружје, пред сè одбранбено – рече Трамп.
Пауза во испораката беше наметната во момент кога Украина беше изложена на интензивни воздушни напади од Русија, при што најмалку 11 цивили загинаа, а повеќе од 80 беа повредени, меѓу кои и седум деца.
Пентагон потврди дека на барање на Трамп ќе продолжи испораката, со цел Украинците да можат да се бранат додека САД работат на траен мир и на прекин на убиствата. Меѓу запрените испораки беа патриот воздухопловни ракети, прецизни артилериски гранати ГМЛРС, ракети „Хелфајр“ и муниција за хаубици. Во меѓувреме, Трамп ја критикуваше Русија и изрази замор од агресијата на Владимир Путин.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја нагласи потребата од зголемување на воздухопловната одбрана, особено преку производство на дронови за пресретнување.
Русија продолжи со серија напади врз Одеса, Харков, Киев, Суми и во Донецк – со бројни човечки жртви.