Кога имал 31 година, Сал Парадизо од Флорида, сфатил дека мора да го промени својот живот од корен доколку воопшто сака да живее. Во тој момент тежел неверојатни 317 килограми и лекарите му рекле дека ако продолжи така, нема да го доживее 40-от роденден.
Парадизо буквално живеел од брза храна и дневно внесувал околу 10.000 калории. А, просек за возрасен маж е околу 2.500 калории.
Неговите проблеми со тежината започнале уште додека бил тинејџер, а веќе на 17 години имал 150 килограми.
– Во 2014 година решив дека морам да променам сè. Кај лекари се распрашував за операција која би ми помогнала да го отстранам вишокот килограми, но прво ми рекоа дека морам да ослабнам. Ја исфрлив брзата храна и газираните сокови од исхраната и прејдов на оброци од 1.200 до 1.500 калории на ден. На почетокот беше неверојатно тешко да се промени буквално целиот живот – објаснува Сал.
Тој почнал да посетува теретана и редовно да плива, и кон средината на 2015 година имал 247 килограми. До летото 2016 година стасал до тежина од 190 килограми, и тогаш моќел да се подложи на операција.
По хируршки пат му била намалена големината на желудникот за 75 отсто. Бидејќи веќе изгубил половина од претходната тежина, огромен проблем станал вишокот кожа која едноставно висела од него. На почетокот на 2018 година имал три операции со кои од надлактиците, стомакот и нозете му биле отстранети 17 килограми кожа.
На почетокот на оваа година, Сал стигнал до „магичните“ 90 килограми. Во меѓувреме, тежината му скокнала на 100 килограми, но како што вели, намерата му е тука да се задржи.
ФОТО: Инстаграм