ТЕУТА АРИФИ ПРИЗНА ПОРАЗ ВО ТЕТОВО Мојот противкандидат освои повеќе гласови, му честитам на Касами!

Мојот противкандидат освои повеќе гласови и Општина Тетово ќе биде водена од мојот противкандидат Билал Касами, рече Теута Арифи.

913

Актуелната градоначалничка на Тетово и кандидатка на ДУИ за уште еден мандат, Теута Арифи, штотуку објави дека не успеала да победи на локалните избори во Тетово.

Таа на прес-конференција му посака успех во работата на нејзиниот противкандидат, Билал Касами од БЕСА.






– Мојот противкандидат освои повеќе гласови и Општина Тетово ќе биде водена од мојот противкандидат Билал Касами. Му честитам и му посакувам успешна работа, имајќи предвид дека Тетово е град со многу предизвици. Им благодарам и на граѓаните коишто ме поддржаа – рече Арифи.

Поврзани содржини