ПРИВЕДЕН ТЕТОВЕЦ ОСУДЕН НА ЗАТВОРСКА КАЗНА – На 04.10.2020 околу 11.30 часот во тетовска Мала Речица, полициски службеници на СВР Тетово го привеле С.С.(55) од ова село, осуден на затворска казна за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „ фалсификување пари“. По приведувањето, С.С. бил спроведен во Казнено-поправната установа – Затвор Тетово во Тетово за издржување на кaзната.
ГОСТИВАРЕЦ ПРИВЕДЕН ЗА ИЗДРЖУВАЊЕ ЗАТВОР – На 04.10.2020 во 12.40 часот, полициски службеници од Полициска станица Гостивар го привеле Д.Б.(28) од Гостивар, кој што се барал врз основа на судска наредба за издржување казна затвор. Лицето било спроведенo во Казнено-поправната установа – Затвор Тетово за издржување на казната.
ГОСТИВАРЕЦ СПРОВЕДЕН ВО ТЕТОВСКИОТ ЗАТВОТ – На 04.10.2020 во 16.15 часот, полициски службеници од Полициска станица Гостивар го привеле М.А.(25) од Гостивар, кој што се барал врз основа на судска наредба по чл.235 став 3 од Кривичниот законик за издржување казна затвор. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа – Затвор Тетово за издржување на казната.
КАЈ СКОПЈАНЕЦ НАЈДЕНА МАРИХУАНА – На 04.10.2020 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Нерези го лишиле од слобода С.С.(26) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана и метална дробилка. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
УШТЕ ЕДЕН СКОПЈАНЕЦ ПРИВЕДЕН ЗА МАРИХУАНА – На 04.10.2020 во 13.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на локалниот пат за с.Ајватовци, го лишиле од слобода Т.К.(35) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ТЕШКО ПОВРЕДЕН МОТОЦИКЛИСТ – На 04.10.2020 во 23.00 часот било пријавено дека на ул.„Алексо Демниевски“ во Велес, А.С.(24) од Велес, управувајќи мотоцикл „баотиан“ со велешки регистарски ознаки, удрил во бетонски рабник и паднал на коловозот. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.
ПРИВЕДЕН АЛБАНЕЦ ЗА ИЗМАМА – На 05.10.2020 во 01.00 часот во СВР Охрид бил задржан С.Е.(34) од Р.Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик на РСМ и во текот на денот ќе биде спроведен до Основен Суд Охрид.