Со тешки телесни повреди вчера околу 11.30 часот се здобил градежниот работник Д.К.(35) од Кичево.
Тој паднал од објект во изградба на улицата Мара Угринова Гина во Кичево и бил префрлен во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека бил извршен увид.