ТЕШКИ СООБРАЌАЈКИ ГО ПОТРЕСОА СКОПЈЕ Автомобили прегазиле две млади жени

Една од несреќите се случила на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов кога автомобил „тојота ајго“ удрил во 22-годишна девојка, а другата несреќа се случила на улицата Антон Попов кога автомобил „фолксваген пасат“ удрил во 37-годишна жена.

1,402

Две тешки сообраќајки го потресоа Скопје во средата кога два автомобила одделно удриле во 22-годишна девојка и во 37-годишна жена, а тие завршиле во болница со тешки повреди.

„На 27 ноември 2024 година, во 22.10 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје, патничко возило ‘тојота ајго’, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Р. (27) од Скопје, удрило во 22-годишната Б.М. од Гевгелија“, соопшти Министерството за внатрешни работи.






Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.М., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

„На 27 ноември 2024 година, во 08.15 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на ул. Антон Попов во Скопје патничко возило ‘фолксваген пасат’, со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Н. (37) од Скопје, удрило во 37-годишната А.Н., двајцата од Скопје“, се наведува во соопштението на МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Н., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани содржини