Тешки обвиненија: Чарли Шин го силуваше Кори Хајм кој имаше само 13 години ФОТО

906

Веќе два дена, актерот Кори Фелдман се извинува преку социјалните медиуми на сите оние кои платиле 20 долари за да го гледаат преносот во живо на неговиот долгонајавуван документарен филм „Мојата вистина: Силувањето на двајцата Кори“ (My Truth: The Rape of Two Coreys).

Во филмот открил низа „холивудски сексуални предатори“. Меѓу нив, најпознато е името на актерот Чарли Шин, кого Фелдман го обвини дека го силувал неговиот пријател, покојниот Кори Хајм, кога имал само 13 години, на снимањето на филмот „Лукас“ во 1985 година на режисерот Стивен Спилберг.






Новинарите кои имале можност да присуствуваат на проекцијата во Лос Анџелес, со Фелдман како модератор, го опишале целиот настан како мошне бизарна приказна.

Имало технички проблеми, а Фелдман рекол дека за тоа се виновни хакерскиот напаад, тероризмот и педофилскиот заговор.

Фелдман открил имиња на луѓе кои што го злоставувале и него и неговиот пријател кога биле деца и раскажал дека Кори Хејм до детаљ опишал како Шин, како 13-годишник го силувал.

„Ми кажа дека го силувал сред бел ден. Ми кажа дека го турнал помеѓу две приколки и го нападнал“ – раскажал Фелдман во документарецот, изнесувајќи ги и деталните описи за тоа што му направил.

Уште неколку луѓе во документарецот потврдиле дека Хајм тоа му го раскажал, по што преку адвокат се огласил и Чарли Шин и рекол:

„Овие болни, извртени и неверојатни тврдења се лага. Точка. Јас би препорачал секој да види од каде доаѓаат и да прочита што има да каже Џуди Хејм “, рекол Шин.

И во 2017 година, Џуди Хеим, мајката на Кори Хајм, тврдеше дека всушност актерот Доминик Брасија го злоставувал нејзиниот син и енергично го бранеше Шин.

– Мојот син никогаш не го спомна Чарли. Никогаш не разговаравме за него. Сето тоа е измислица. Ако мојот син беше овде за да слушне сè за што зборува, тој ќе повратеше од гадење – рекла таа.

Image result for corey haim

 

Поврзани содржини