На 11.06.2025 околу 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од улиците 10 и 12, улицата Финска и улицата Пролетна офанзива во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки, управувано од Ш.М.(46) од село Средно Коњари, скопско и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.П.(29) од село Инџиково, скопско.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ф.П., а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка В.П.(50) од село Инџиково, скопско, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, информира МВР.