ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО СКОПЈЕ, СЕ СУДРИЛЕ МОТОЦИКЛ И АВТОМОБИЛ „РЕНО“ Мотоциклистот е тешко повреден
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Вчера се случи сообраќајна несреќа во Скопје помеѓу автомобил и мотоцикл, а мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди.
„На 15 јули 2024 година, во 12.50 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул. Александар Македонски, ул. 16. Македонска бригада и ул. Интернационални бригади во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „рено“, управувано од 30-годишниот Н. О. (30) од село Побожје, скопско, и мотоцикл управуван од 39-годишниот С. Ф. од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки“, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.