📷 ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ РОСОМАН Повредени се три лица, еден од повредените е во критична состојба

Регионалниот пат Кавадарци-с.Росоман, од 07:00 часот е во целосен прекин.

1,087

Три лица се повредени од кои едно е со потешки повреди во сообраќајната несреќа што се случи рано утрово на регионалниот пат Кавадарци – Росоман на излез од селото Манастирец. Според првичните информации, две од лицата што настрадаа во сообраќајката се на возраст од 23 години, а еден е повозрасен.






Територијалната противпожарна единица од Кавадарци излезе на терен со 8 пожарникари, 2 возила за техничка интервенција и 1 амбулантно возило.

Регионалниот пат Кавадарци-с.Росоман, од 07:00 часот е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа, соопшти АМСМ.

Поврзани содржини