ТЕПАНИОТ, ТЕПАЧОТ, ОБЕЗБЕДУВАЧОТ, ЏАНДАРОТ, ОБВИНИТЕЛОТ, СУДИЈАТА… СИТЕ ОД ДУИ! Апасиев открива што е тоа заробена држава
„Ало Кале, се слушаме ли?“, пишува лидерот на Левица на Фејсбук.
Тепаниот контролор (кој бил на работа) – од ДУИ.
Тепачот-директор со бандата (кој не бил на работа) – од ДУИ.
Обезбедувачот (што требало да не ги пушти) – од ДУИ.
Џандарот (шо требало да апси) – од ДУИ.
Обвинителот (шо чекаше пријава) – од ДУИ!?
Судијата (шо не им одреди притвор) – од ДУИ!
Апелација (шо треба да ја разгледува жалбата) – од ДУИ.
Сфаќате сега што е ЗАРОБЕНА ДРЖАВА и оти постоењето на ДУИ е обратно-пропорционално од постоењето на правната држава во Републиката?
Ало, Кале, се слушаме?
Губернаторке – овие ли се вашите „кучиња на војната“, кои ги држите на ланец, за секој случај, да не треба да се плашат Македонците со војна?
(Фејсбук статус на Димитар Апасиев, лидерот на Левица)