Вистинската драма од доцна попладнево се одвива на аголот на улицата Устаничка и улицата Воислав Илиќ во Белград, кај Коњарник, јавуваат српските медиуми.
Човек стоел на раскрсницата од две улици, држејќи пиштол, а според медиумите, станува збор за ментално болно лице кое испукало неколку случајни истрели среде улица, во земјата пред него.
Мажот со пиштол прави хаос, се крие во грмушки од полицијата и од таму продолжува да пука. Тој е опколен од екипи на единицата за интервенција кои го чекаат да излезе.
Според досегашните информации, нема повредени.
фото: Блиц.рс