ТЕМА Е ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ Пендаровски за утре свика седница на Советот за безбедност

194

Претседателот Стево Пендаровски за утре напладне закажа седница на Советот за безбедност. На дневен ред на седницата ќе биде модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија.

На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствува и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.






По завршувањето на седницата на Советот за безбедност ќе следи изјава на Пендаровски.

Поврзани содржини