🎥 ТЕКСТОПИСЕЦОТ НА БРИТНИ СПИРС И ДУА ЛИПА ИЗБОДЕН ДО СМРТ ВО ЛОНДОН Талеј Рајли беше добитник на „Греми“ и автор на бројни светски хитови
Кантавторот Талај Рајли, кој пишуваше за уметници како Дуа Липа, Бритни Спирс и Х.Е.Р., почина минатата недела во напад со нож во Источен Лондон. Имаше 35 години.
Според соопштението од Метрополитенската полиција, Талај Рајли (чие вистинско име е Марк „Јинка“ Орабии), бил пронајден во градина со убодни рани околу 9 часот наутро по локално време. Бил прогласен за мртов на местото на настанот. Втората жртва во нападот со нож, маж во неговите 20-ти години, претрпел повреди кои не се сметале за опасни по живот.
Полицијата уапси три лица под сомнение за убиството на Орабии, а едно е ослободено со кауција во исчекување на понатамошната истрага. Другите двајца се ослободени без да се преземат дополнителни мерки. Детектив од лондонската Метрополитенска полиција изјави дека истрагата продолжува и ги повика сите што биле во областа или можеби имаат безбедносни снимки да достават информации.
Во соопштението споделено на Инстаграм, семејството на Рајли и менаџерката, Клео Амедуме, ја потврдија неговата смрт.
– Тие кои го познаваа ќе го памтат Талај по неговиот неверојатен талент како текстописец на повеќе платинести изданија и уметник, добитник на Греми награда. За оние кои го познаваа и го сакаа лично, најмногу ќе им недостига неговиот хумор, дарежлив дух и непогрешливо присустност.
Најголемите заслуги на Рајли како текстописец ги вклучуваат синглот „Last Dance“ на Дуа Липа од 2016 година, „Young Dumb & Broke“ на Калид и „Lights On“ на H.E.R. Неговата работа на последната му ја донесе на Рајли наградата Греми кога песната се појави на истоимениот албум на H.E.R. во 2017 година, кој ја освои наградата за најдобар R&B албум на 61-вото издание на Греми награди. Рајли, исто така, придонесе за „Who’s Laughing Now“ на Џеси Џеј, „Clumsy“ на Бритни Спирс, „If It Ain’t Love“ на Џејсон Деруло и „Levels“ на Ник Џонас.
Рајли се проби и како текстописец и како изведувач во 2009 година, благодарение на неговите соработки со пејачот MC Chip. Рајли беше коавтор и учествуваше во неколку песни на деби албумот на Чип, I Am Chipmunk, вклучувајќи ја и „Look for Me“, која достигна седмо место на британската топ-листа на синглови. Неколку години подоцна, Рајли создаде свој мал хит со „Make You Mine“, која се појави на неговиот микстејп од 2011 година, Going to California.
По веста за неговата смрт, бројни музичари и јавни личности му оддадоа почит на социјалните мрежи.