ТАТКО ЈА ТЕПАЛ МАЛОЛЕТНАТА ЌЕРКА Приведен 28-годишен скопјанец во Драчево, сопругата го пријавила

Случајот е еден од низата семејно насилство што ги загрижуваат граѓаните и институциите, особено кога жртви се малолетни деца.

1,079

Вчера во 21:45 часот бил упасен 28-годишниот А.Ѓ. од Скопје, откако неговата сопруга пријавила дека во семејниот дом во населбата Драчево физички ја нападнал нивната малолетна ќерка.

Според информации од Министерството за внатрешни работи, полицијата веднаш постапила по пријавата и го привела осомничениот.






– Против лицето А.Ѓ. ќе биде изготвен соодветен поднесок по целосно документирање на случајот – велат од полицијата.

Случајот е еден од низата семејно насилство што ги загрижуваат граѓаните и институциите, особено кога жртви се малолетни деца.

Истражните постапки се во тек, а социјалните служби се очекува да се вклучат во заштита на детето.

Поврзани содржини