Тасманискиот ѓавол се врати во Австралија по 3.000 години – се храни со лисици и диви мачки, ама не одбива и овци и крави
Научниците веруваат дека причините за нивното истребување е појавата на дивото куче динго, порастот на човечката популација, како и големата суша што ја погодила Австралија. Поради тоа овие животни преживеале само на Тасманија, вели Мена Џоунс од Универзитетот Тасманија.
Тасманискиот ѓавол повторно е населен на австралиско копно, во резерватот Беринтон топс во Нов Јужен Велс, на 190 километри од Сиднеј, пренесува „National Geographic“.
Тасманиските ѓаволи, некогаш познати и како „sarcophilus satanicus“, односно љубители на сатанското месо, изумреле во Австралија уште пред доаѓањето на Европјаните. Научниците веруваат дека причините за нивното истребување е појавата на дивото куче динго, порастот на човечката популација, како и големата суша што ја погодила Австралија. Поради тоа овие животни преживеале само на Тасманија, вели Мена Џоунс од Универзитетот Тасманија.
– Ниту еден од овие три фактори засебно не би предизвикало истребување, но кога факторите се здружиле, тоа довело до исчезнување на тасманискиот ѓавол на австралиското копно – објаснува Џоунс.
Тасманискиот ѓавол е под заштита од 1941 година, а еколозите со децении наназад се обидуваат да ја зголемат неговата бројка, бидејќи како предатор е многу важен во контролата на бројот на штетниците, како што се лисиците и дивите мачки.
Еден од најголемите проблеми во заштитата на овој вид е појавата на заразен тумор кој се шири помеѓу тасманиските ѓаволи. Поради тој тумор, кој се пренесува преку гризење, бројот на тасманиските ѓаволи во деведесетите години од минатиот век се намалил од 140.000 на 20.000.
Поради тоа научниците вовеле карантин, одвојувајќи ги здравите единки и штитејќи ги од заразата. Во Австралија сега се пуштени 11 примероци кои се тестирани. Но, сега постои можност овие животни да претставуваат опасност за овците и говедата, па затоа, објаснуваат научниците, ќе бидат хранети во резерватот, а нивното пуштање на целосна слобода ќе се случи наскоро кога ќе се зголеми нивниот број.