Тасевски до претставниците на ОБСЕ/ОДИХР: Нема никакви сознанија дека изборниот процес може да биде нарушен

429

Според сите досегашни анализи, нема никакви сознанија дека изборниот процес може да биде нарушен, односно дека Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции ги презема сите неопходни мерки и активности за изборите да бидат мирни и демократски.

Ова го истакнал директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски на денешната средба со претставници од Специјалната мисија на ОБСЕ/ОДИХР за проценка на изборите во Македонија, предводена од Тибор Немеш, експерт за безбедност. Тасевски посочил дека досегашниот тек од кампањата се одвива без проблеми.






Немеш истакнал дека мисијата на ОБСЕ/ОДИХР ги следи здравствените и безбедносните протоколи. Директорот на БЈБ упатил покана за Специјалната мисија на ОБСЕ/ОДИХР да присуствуваат на Оперативниот штаб кој е формиран за претстојните парламентарни избори.

Поврзани содржини