ТАРАВАРИ СЕ ОТКАЖА ОД НОВОГОДИШНОТО УКРАСУВАЊЕ НА ГОСТИВАР Парите ќе ги донира на Центарот за аутизам во изградба
Верувам дека сите ќе се согласат да го одминеме јавното украсување за Нова година, и така да заштедиме енергија, но пред се ќе придонесеме таму каде најмногу е потребно, во Центарот за аутизам, вели Таравари.
Општина Гостивар ќе ги донира парите наменети за новогодишно украсување на Центарот за аутизам во изградба. Информацијата ја соопшти градоначалникот Арбен Таравари на својот профил на Фејсбук.
„Со гордост можам да соопштам дека буџетските пари за светлосно украсување на градот по повод новогодишнитe празници, јас и мојот тим планираме да ги донираме во Центарот за аутизам што се гради во градот. Верувам дека сите ќе се согласат да го одминеме јавното украсување за Нова година, и така да заштедиме енергија, но пред се ќе придонесеме таму каде најмногу е потребно, во Центарот за аутизам“, напиша Таравари.