„ТАРАВАРИ КОНЕКТ“ На овој телефон граѓаните ќе можат да комуницираат со министерот

Како што се додава во соопштението, граѓаните имаат можност и за лична комуникација со министерот, за време на отворениот ден - секоја среда од 13:30 до 16 часот.

639

Министерството за здравство отвори директна телефонска линија за комуникација на граѓаните со министерот Арбен Таравари.

„Граѓаните имаат можност да ги споделат своите предлози за здравствена заштита, да пријават неправилности, да упатат пофалби за работата на здравствените работници и да предложат идеи за реформи на телефонскиот број – 072/899001“, се наведува во денешното соопштение на Министерството за здравство.






Како што се додава во соопштението, граѓаните имаат можност и за лична комуникација со министерот, за време на отворениот ден – секоја среда од 13:30 до 16 часот.

Поврзани содржини