Актерката Шенон Доерти (50) минува низ тежок период на здравје – минатата година откри дека повторно има рак, но дека овој пат нема лек, бидејќи е во последна – терминална фаза.
Во последните денови, таа објави објава на Инстаграм која ги вознемири нејзините следбеници.
„Дали некогаш сте почувствувале дека имате толку многу да кажете, а знаете дека нема да можете?“, напиша актерката која, според блиски извори, секој ден се влошува.
Актерката, која обично споделува инспиративни цитати и фрази што ве повикуваат да размислите за животот, го привлече вниманието кон оваа содржина, што ги натера многумина од нејзини обожаватели да помислат дека нејзиното здравје одеднаш се влошило.
Лошата вест ја потврди и извор близок до актерката, кој наведува дека Шенон е „подготвена да си замине“ и дека не се плаши од смртта.
– На човекот му е доста од борба без крај. Така и се смачи да се бори со ракот. Иако не се откажува, свесна е дека нејзиното заминување е близу бидејќи наодите се доста лоши и воопшто не ветуваат – рекол изворот.
Да потсетиме, Шенон успеа да го победи ракот на дојката во 2015 година, откако беше подложена на мастектомија и хемотерапија.