ТАЊА САВИЌ ЗА ПЕКОЛОТ ШТО ГО ДОЖИВЕАЛА ВО БРАКОТ Или ќе бегате или ќе трпите и ќе се разболите
Пејачката се обидува преку својот пример да им ги отвори очите на многу жени.
Пејачката Тања Савиќ го сподели своето лично искуство на тема манипулација од бракот со Душан Јованчевиќ, кога доживеала голема непријатност.
– Она што, пред сѐ, би го споменала на темата мажи и манипулации, е дека ние жените стануваме зависни од нивната, таканаречена, љубов, а всушност тоа не е љубов, туку лажичка љубов, која тие нам, за жал, ни ја даваат. Што може да ве спаси од таквата врска? Вие не можете да го смените партнерот, како што ниту јас не можев да го сменам мојот. Тие никогаш нема да се променат, тоа се такви луѓе, едноставно тоа е нивниот карактер и тука нема поправање – вели Савиќ.
Пејачката испратила важен совет до сите жени.
– Она што можете да го направите е да се спасите себеси. Или ќе трпите, ќе се разболите па ќе добиете некоја психичка болест, а подоцна некој рак, далеку било, но тоа така оди. Или ќе избегате. Па, јас го избрав второто, иако мене оваа ситуација донекаде и ме спаси. Коронавирусот ми донесе и нешто добро, можеби никогаш не би го почувствувала мојот манипулатор, не знам. Немојте да трпите ниту психичко, ниту физичко насилство, психичкото насилство понекогаш знае да биде полошо од физичкото – рекла Тања во емисијата „Магазин Ин“.