СЗО порача: Вакцината на АстраЗенека и за постарите од 65 години

Поголемиот интервал помеѓу две дози на вакцината АстраЗенека, ќе ја направи поефикасна, сметаат тие, додавајќи дека интервалот треба да биде помеѓу 8 и 12 недели.

324

СЗО порача дека вакцината АстраЗенека треба да ја примат и постарите од 65 години.

Како што објасниле експертите од СЗО, оваа вакцина треба да се користи во земјите каде што кружат варијанти на коронавирусот кои инаку ги прават вакцините помалку ефикасни, како што е Јужна Африка.






Поголемиот интервал помеѓу две дози на вакцината АстраЗенека, ќе ја направи поефикасна, сметаат тие, додавајќи дека интервалот треба да биде помеѓу 8 и 12 недели.

Стратешката група на експерти за имунизација на СЗО, попозната како SAGE, ги разгледала податоците собрани во клиничките испитувања на вакцината АстраЗенека и според нивните привремени препораки, нејзината ефикасност е околу 63%.

Поврзани содржини