СЗО: Не е потврдено дека вакцините не се ефикасни против новиот вид на ковид-19

214

Не е потврдено дека постоечките вакцини не се ефикасни против новиот вид на ковид-19, што беше откриен во Велика Британија. Светска здравствена организација продолжува со испитувањата, изјави денеска претставничката на СЗО во Русија, Мелита Вујнович.

– Велика Британија соопшти дека новиот вид е позаразен, но засега нема информации дека предизвикува потежок облик на болеста или дека вакцините се помалку ефикансни против него – посочи Вујнович.






Таа додаде дека новиот вид на вирусот има 14 мутации, од кои некои можат да влијаат врз степенот на заразност и на сериозноста на болеста.

Русија на 22 декември привремено го стопира воздушниот сообраќај со Велика Британија поради новиот вид на ковод-19.

 

Поврзани содржини