СВЕТСКА РАБОТА, КОМУНАЛНИ СМЕТКИ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ПЛАЌААТ И ВО МАРКЕТИ! Новина во Законот за платежни услуги
Народна банка е уверена дека многу трговски друштва ќе го најдат својот интерес да се регистрираат за оваа услуга.
Сметките за комунални услуги, како струја, вода, телефон, парно греење, освен во банки како до сега, ќе може да се плаќаат и во штедилници, продавници и маркети, како и во секое трговско душтво кое има дозвола од Народна банка за вршење на овие услуги, предвидува новиот Закон за платежни услуги и платни системи, кој беше претставен викендов на работилница организирана од НБМ.
Народна банка е уверена дека многу трговски друштва ќе го најдат својот интерес да се регистрираат за оваа услуга. Според Закон за платежни услуги и платни системи, правните лица што до денот на примената на овој закон давале платежни услуги (освен банките), должни се до 1 јануари 2024 година да поднесат барање до Народната банка за добивање дозвола за платежна институција. Разлика меѓу банките и платежните институции ќе биде само во тоа што вторите нема да можат да собираат депозити или да даваат кредити.