СВЕТОТ ГО ТРЕСЕ ЗЛАТНА ТРЕСКА Инвеститорите ги очекуваат новите царински потези на Трамп
Цената на среброто на физичкиот пазар падна за 0,4%, на 33,96 долари за унца. Платината и паладиумот поскапеа за 0,8%, на 991,55 долари и 979 долари за унца.
Цените на златото денеска надминаа 3.100 долари за унца, како резултат на стравот на инвеститорите дека американските царини би можеле да ја поттикнат инфлацијата и да го ограничат економскиот раст, но и поради континуираната побарувачка од централните банки.
На физичкиот пазар унца злато вчера чинеше 3.117,29 долари и беше за 1,1% поскапо отколку на крајот на тргувањето во петокот. Неговата цена накратко скокна на 3128,06 долари.
А кај фјучерсите на американскиот пазар златото денеска се тргуваше по 1,1% повисока цена, по 3151,10 долари за унца.
Само од почетокот на годината златото поскапи за околу 18%. Во 2024 година, неговите цени скокнаа за околу 27%, поттикнати, меѓу другото, од побарувачката од централните банки. Во последно време, импулс на цените им дадоа и најавите за американски царини.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи 2 април за „Ден на ослободувањето“, а се очекува американскиот претседател да ја искористи оваа можност да го објави својот план за реципрочни царини.
„Порастот на побарувачката за злато ја одразува вознемиреноста на инвеститорите за тарифите. Постојат стравувања дека (наметнувањата) ќе го ограничат економскиот раст“, а тие стравувања ги поддржуваат цените на благородниот метал – објаснува Нитеш Шаг од WisdomTree.
Инвеститорите традиционално купуваат злато за да ги заштитат вредностите на имотот во периоди на зголемена политичка нестабилност и да се спротивстават на падот на каматните стапки. Централните банки исто така се обидуваат да ги зајакнат своите биланси и да обезбедат снабдување во период на геополитички и економски тензии.
Цената на среброто на физичкиот пазар падна за 0,4%, на 33,96 долари за унца. Платината и паладиумот поскапеа за 0,8%, на 991,55 долари и 979 долари за унца.