СУЗАНА СТОЈАНОВСКА: КОГА СЕ РОДИ СО ДАУНОВ СИНДРОМ, МИ ПОНУДИЈА ДА ГО ОСТАВАМ Здружението „Доза среќа“ ја менува перцепцијата за децата на Сонцето

Нашата соговорничка е мајка на дете со Даунов синдром и претседателка на здружението  „Доза среќа“, чиј тим освојува златни медали на регуларни меѓународни натпревари за млади иноватори. Нејзиниот син Никола пак, реди медали за пливање

1,579

Во светски рамки, месец октомври е посветен на лицата со Даунов синдром, кога во различни земји, сфери и области се организираат активности за подигнување на свесноста за нивна инклузија во општеството. Дауновиот синдром е едно од најчестите хромозомски нарушувања кај луѓето. Може да се појави во секое семејство, раса или социјална група. Генетската нерамнотежа, која стои во основата на Дауновиот синдром, е главната причина за сериозни проблеми и отстапувања во физичкиот и менталниот развој на една личност.

Во 1970 и 80-те години, а кај нас и во соседството и пред 17-18 години, па иако поретко, и денес, владее ставот дека луѓето со Даунов синдром не се способни за ништо. Меѓутоа, денес, дури и кај нас, имаме многу случаи кога тие, со правилна поддршка, не само што можат да бидат релативно независни, туку можат и многу повеќе од тоа.






Токму за ова зборувавме и со нашата соговорничка Сузана Стојановска која е мајка на дете со Даунов синдром. Никола Стојановски наскоро ќе полни 18 години, а за тоа како се гледало во тој период на овие деца доволно зборува и фактот што кога го родила ѝ понудиле, ако сака, да го остави.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини