СУДСТВОТО Е САМО МАША НА ФИЛИПЧЕ И НА СДСМ Скандалозна е пресудата за Пешевска од Онкологија, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Судството, воедно и Обвинителството, мора да се издигнат и да покажат дека постојат за да им служат на граѓаните спроведувајќи закони, а не да им служат на другарите на Зоран Заев, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

250

Судството и обвинителството од ден на ден покажуваат само едно, дека работат исклучиво под диктат на СДСМ и ДУИ – правосудниот систем никако не е располжен да донесе пресуда во корист на обичните граѓани, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„За ова говори и последната судска одлука, онаа за докторката Мери Пешевска од Клиниката за онкологија и радиотерапија, која е најблаго кажано скандалозна. Зошто? Многу е јасно. За Пешевска заедно со уште неколкумина од Клиниката за онкологија имаше обвинение за, внимавајте, несовесно лекување пациенти. За делото за кое се товари Пешевска предвидена е казна затвор до 3 години. Пешевска на рочиште пред Судот минатата недела рече дека за седумтемина пациенти за кои е обвинета не е сигурна дека таа ја продолжувала терапијата?! Внимавајте, докторката не е сигурна дека ја продолжила терапијата, бидејќи како што самата посочи, нејзиниот печат во тој период стоел на шалтер и тоа го направила со цел побрзо да ја земат терапијата и да не чекаат пациентите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Пешевска сакала демек пациентите да не чекаат, си го оставила печатот, а за последиците очигледно не размислувала, се додава во соопштението.

„Се покажува и дека и Судот не е баш заинтересиран за судбината на пациентите. Пешевска призна вина, а Судот со леснотија ѝ изрече условна казна од 2 години. Во превод тоа значи дека таа само не треба да стори друго кривично дело во период од 2 години, односно слободна е. Докторката само призна вина, а Судот со леснотија речиси ја ослободи?!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Скандалозната одлука на надлежниот Суд, се додава, говори за неправедна, произволна или одлука заснована на надворешни влијанија, евидентни подолг период, посочува ВМРО-ДПМНЕ.

„Или Судот не постапува врз основа на закон и факти. Судството со ова покажува дека е само маша на Венко Филипче и на СДСМ. Ова судство само ја поткопува јавната доверба во правосудниот систем и претставува сериозно кршење на принципите на правдата, еднаквоста и владеењето на правото. Судството, воедно и Обвинителството, мора да се издигнат и да покажат дека постојат да им служат на граѓаните спроведувајќи закони, а не да им служат на другарите на Зоран Заев, сега олицетворени во Филипче и уште неколкумина од раководството“, соопшти владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини