Судскиот совет објави дека се договориле како ќе ги оценуваат судиите

581

Судскиот совет ги усвои Методологија за оценување на работата на судија врз основа на исполнетост на квалитативните критериуми за судиското работење и Образец за оценување и бодување  на исполнетост на квалитативните критериуми за работата на судијата, како и Методологијата за квалитативно оценување на претседателите на судовите и Образецот за квалитативно оценување на претседатели на судовите.

Како што е објавено на веб страната на Судскиот совет, на седницата одржана на 18-ти декември,  усвоени се и Упатството за начинот на пресметување на ефективни работни часови, Програма за работа на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2021 година,како и Интерниот  план  за следење и оценување на работата на судовите, судиите и претседателите на судовите за период од 01.01.2021 додина до 31.12.2021 година.






Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција промовирајќи ги 10-те приоритети на Владата за следната 2021 година, наречени „Акција 21“, како прв на листата го посочи прочистувањето на правосудството.

Говорејќи за моделот за прочистување или филтрација, посочи дека е во завршна фаза и дека на него работеле првенствено претставници на Судскиот совет, на Советот на јавни обвинители, со поддршка на академската јавност и дека токму тие ќе го усвојат моделот што сами го креираат и што ќе го спроведуваат.

– Ќе се ревидираат цели досиеја. Секој судија ќе биде оценуван. Ќе има листа на критериуми кои ќе се прегледуваат за сите судии: Како воделе постапка, како изведувале докази, како се сослушувани сведоци и особено во врска со одредени постапувања по предмети кои беа доведени до застареност со одлагање. Сите тие работи ќе ги поминува Судскиот совет или Советот на јавните обвинители и сето тоа во утврдена временска рамка и транспарентност – истакна Заев.

Тој најави дека ќе иницираат носење законски измени врз основа на кои Јавното обвинителство ќе мора редовно и постојано да ја информира јавноста за својата работа и за напредокот во предметите кои ги следат граѓаните и за коишто постои посебен јавен интерес.

Поврзани содржини