СУДСКИОТ СОВЕТ КОНЕЧНО ЌЕ СТАНЕ НЕЗАВИСЕН, ОДГОВОРЕН И ТРАНСПАРЕНТЕН Реформскиот закон влезе во владина процедура со добра оценка од Венецијанската комисија

„За првпат ќе има објективно оценување на работата на членовите на Судскиот совет, транспарентност во носењето одлуки и механизми за одговорност и на самите членови на ова тело. Ова е клучна точка што ја нотираше и Оценската мисија на Европската унија, а ние сега директно одговараме на таа препорака“, велат од Министерството за правда.

352

Предлог-законот за Судски совет од денеска е во владина процедура, дознава Плусинфо од извор во Министерството за правда. Законскиот текст што се смета за клучен чекор за зајакнување на независноста и транспарентноста во судството веќе е познат.

Министерството  за правда го добило и мислењето од Венецијанската комисија за предлог-законот.






– Станува збор за конструктивен и содржаен документ, што содржи јасни насоки и препораки, особено за деловите на кои ние како Министерство вложивме сериозен фокус. Тие забелешки веќе се разгледани – велат од ресорот.

Особено значајно за е што Венецијанската комисија го препознала транспарентниот и инклузивен процес при изработката на законот – преку јавни расправи, експертски консултации и вклучување на сите клучни чинители.

– Тоа е потврда дека одиме во вистински правец и дека нашите реформи се усогласени со европските стандарди. Овој пристап директно придонесува за зајакнување на довербата во законодавниот процес и во правосудството во целина – вели нашиот извор.

Предлог-законот предвидува јавност во постапкатата за разрешување на претседател или заменик на Судскиот совет, а постапката мора секогаш да биде транспарентна.

– За првпат ќе има објективно оценување на работата на членовите на Судскиот совет, транспарентност во носењето одлуки и механизми за одговорност и на самите членови на ова тело. Ова е клучна точка што ја нотираше и Оценската мисија на Европската унија, а ние сега директно одговараме на таа препорака – велат од Министерството за правда.

Во Предлог-законот се прецизираат критериумите за избор на „истакнат правник“ како член на Судскиот совет. Се предвидуваат нови, конкретни и појасни квалификации.

Се предвидува и воведување јавна расправа за кандидатите за не-судски членови, со цел поголема транспарентност и одговорност.

– Се зајакнуваат и критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите. Со еден збор, станува збор за унапредување на целокупната правна рамка, согласно со препораките на ЕУ – објаснуваат од ресорот.

Министерството за правда очекува Законот за Судскиот совет наскоро да биде усвоен во Собранието, како што и беше предвидено.

Поврзани содржини