СУДИИТЕ ИЗБРАНИ ОД ЗАЈАС И ОД МУРТИНО СЀ УШТЕ ИМ СЛУГУВААТ НА СДСМ И НА ДУИ Реформи мора да има, порача ВМРО-ДПМНЕ
Во секоја нормална држава, казнети ќе беа сите оние кои имаат некаков допир со трагедијата, но само кај нас не. Кај нас се штитат главните виновниците, а доколку некој мора да се пушти низ вода, добива по минимална 1,5 година, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Казните кои ги добија екс директорите Флориан Бесими и Артан Етеми, се доказ треба реформи во судството се потребни, веднаш! По 1,5 година казна затвор им беа досудени на Бесими и Етеми, за пожарот во Модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 луѓе, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Во секоја нормална држава, казнети ќе беа сите оние кои имаат некаков допир со трагедијата, но само кај нас не. Кај нас се штитат главните виновниците, а доколку некој мора да се пушти низ вода, добива по минимална 1,5 година. Екс директорот Бесими, во својата одбрана истакна дека до него на обвинителна клупа треба да седне Венко Филипче, кој тогаш беше министер за здравство. Зошто Филипче не е опфатен со истрагата? И зошто е заштитен како бела мечка? Да потсетиме дека тој дозволи градење на овие модуларни болници додека беше министер. Реформи во судството на СДСМ и ДУИ, мора да има! Правда и одговорност, граѓаните мора да добијат“, наведено е во соопштението.