СУБВЕНЦИИ ЗА ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСНИ ФАСАДИ И ФОТОВОЛТАИЦИ Кондовски со поддршка на зелената агенда

Општина Битола активно ќе се вклучи во овозможување на локалните услови за обновливи извори на енергија, интегрирајќи ја оваа технологија и во локалните институции, училишта и градинки, вели Кондовски.

294

Општина Битола ја поддржува зелената агенда што овие четири години ја практикува Владата предводена од СДСМ. Вложуваме во повеќе зеленило и паркови во сите делови на градот, а остануваме посветени и на подобрувањето на квалитетот на воздухот, порача кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ и коалицијата, Христо Кондовски.

–  Уредените паркови и зелени површини не само што го разубавуваат градот, туку и сериозно влијаат врз намалување на загадувањето. Со редица проекти предвидени во нашата програма, како што се подземна сообраќајница во центарот на градот и изградба на велосипедски патеки, ќе го подобриме квалитетот на воздухот во Битола. Субвенциите за енергетско ефикасни фасади, пак, ќе дадат нов лик на станбените објекти. Фотоволтаиците што ќе ги поставиме на покривите на јавните објекти ќе бидат уште еден чекор кон заштита на животната средина и одржлив развој, заснован на обновливи извори на енергија – рече Кондовски.






Тој порача дека доследно се обврзува кон енергетскиот стратешки план на Владата, поддржувајќи ги зелени инвестиции во јавниот и приватниот сектор како значаен придонес во намалување на загадувањето. Општина Битола активно ќе се вклучи во овозможување на локалните услови за обновливи извори на енергија, интегрирајќи ја оваа технологија и во локалните институции, училишта и градинки.

Поврзани содржини