СТУДЕНТИ РАБОТАТ НА АПЛИКАЦИЈА „BREATH MK“ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО Инспекторите полесно ќе ги лоцираат загадувачите

Креираната платформа за следење и пријавување на загадувањето на воздухот Град Скопје ќе ја користи за контрола на загадувањето на воздухот, со помош на граѓаните кои ќе можат да пријавуваат за поефикасно лоцирање на загадувачите.

103

Градот Скопје и Интернационалната „EdTech“ организација „Бреинстер“ работат на развивање на платформа за следење и пријавување на загадувањето на воздухот која ќе овозможат брзо и ефикасно постапување на терен на инспекциските служби со цел справување со загадувачите.

На двата AirCare хакатони од кои првиот се одржува денеска присуствуваат стотина учесници кои работат на подготовка на апликацијата Breathe.mk, која ќе овозможи следење и пријавување на загадување на воздухот. апликацијат ќе биде лесно достапна за граѓаните.






Денеска хакатонот го отвори градоначалничката Данела Арсовска која пред учесниците ја истакна важноста на дигитализацијата за полесно справување со загадувањето на животната средина, како еден од поголемите предизвици во Скопје.

Креираната платформа за следење и пријавување на загадувањето на воздухот Град Скопје ќе ја користи за контрола на загадувањето на воздухот, со помош на граѓаните кои ќе можат да пријавуваат за поефикасно лоцирање на загадувачите.

 

Поврзани содржини