СТРУМИЧАНЕЦ ПАДНА ОД МОТОР И ОСТАНА НА МЕСТО МРТОВ Изгубил контрола врз возилото
Возејќи по регионалниот пат помеѓу селата Габрово и Банско, изгубил контрола и со мопедот паднал на коловозот, информира МВР.
Управувајќи мопед со струмички регистарски ознаки, 63-годишниот К.Д. од селото Градско Балдовци, струмичко, вчера попладне, возејќи по регионалниот пат помеѓу селата Габрово и Банско, изгубил контрола и со мопедот паднал на коловозот, информира МВР.
Од здобиените повреди возачот на мопедот починал на местото на несреќата.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Екипа од СВР Струмица извршила увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител.