СТРАШНИ СЦЕНИ ВО ИРАН Над 40 мртви и над 1.000 повредени во експлозијата во пристаништето Шахид Раџаи
Пристаништето Шахид Раџаи е едно од главните трговски пристаништа во Иран, лоцирано повеќе од 1.000 километри јужно од главниот град Техеран.
Бројот на жртвите во вчерашната експлозија во иранското пристаниште Шахид Раџаи се искачи на 40, а повеќе од илјада луѓе се повредени, објавија денеска иранските медиуми.
Според царинската служба, експлозијата најверојатно се случи поради пожарот во магацин за опасни и хемиски супстанции.
Пристаништето Шахид Раџаи е едно од главните трговски пристаништа во Иран, лоцирано повеќе од 1.000 километри јужно од главниот град Техеран.
Во 2020 година компјутерската мрежа на пристаништето Шахид Раџаи беше мета на хакерски напад, што предизвика хаос во доставите.