СТРАШНА СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА ВО УКРАИНА Најмалку 26 лица го загубија животот (ФОТО/ВИДЕО)

Според првичните информации за несреќата виновен е возачот на комбето кој починал.

321

Најмалку 26 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Украина, во северозападниот округ Ровенска.

Во несреќата учествувале комбе, автобус и цистерна, а истата се случила во вторникот вечерта на автопатот Киев-Чоп, јави ТАСС. По судирот избувнал пожар на возилата објавил весникот „Страна“, повикувајќи се на украинскиот помошник министер за внатрешни работи Антон Герашченко.






– Само 12 од 38 патници од автобусот преживеале – изјавил Герашченко.

Според првичните информации за несреќата виновен е возачот на комбето кој починал.

„Страна дејли“ пишува дека оваа сообраќајна несреќа е најголемата која се случила на украинските патишта во изминатата деценија.

Поврзани содржини