СТРАШНА СООБРАЌАЈКА ВО СОПИШТЕ Двајца загинаа, еден повреден
На местото на несреќата починале возачот А.А.(70) и сопатникот С.О.(65), двајцата од Скопје, а третото лице е тешко повредено.
Две лица загинаа на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје откако нивното „Сузуки Свифт“ со скопски регистарски ознаки излетало надвор од коловозот вчера околу 16.40 часот, информира СВР Скопје.
На местото на несреќата починале возачот А.А.(70) од Скопје и сопатникот С.О.(65) од Скопје.
Со тешки телесни повреди се здобил уште еден сопатник П.Ц.(71) од Скопје, кој е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје и причините треба дополнително да се утврдат.