СТРАШНА СЦЕНА ВО КАЛИФОРНИЈА На бензинска нападнаа пензиониран полицаец, тој уби еден на лице место (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)
Додека човекот полнел гориво, му пријдоа тројца мажи со качулки на главата и почнале да му ги вадат работите од џебовите.
Тројца мажи од Окленд, Калифорнија, се обиделе да го ограбат пензионираниот полициски капетан Ерси Џојнер на бензинска пумпа.
Додека тој полнел гориво, му пријдоа тројца мажи со качулки на главата и почнале да му ги вадат работите од џебовите.
Откако се упатиле кон автомобилот, Џојнер извадил пиштол и почнал да пука.
Еден од крадците го убил на самото место, а другиот преживеал од чиста среќа иако бил во непосредна близина. Третиот човек во тој момент влегол во неговиот автомобил.
Во притрчувањето од автомобилот кон застреланиот соучесник, крадецот го ранил Џојнер во ногата, кој иако бил ранет, продолжил да пука.
Пензионираниот полицаец набрзо бил пренесен во болница, опериран и е во стабилна состојба.
View this post on Instagram