📷 СТРАШНА ГЛЕТКА ОД СООБРАЌАЈКА ВО БЛИЗИНА НА СКАДАР! Две девојки завршија во болница, кампер и две возила учествувале во несреќата

Медиумите во Албанија пренесуваат дека во болницата во Лежа со возила на Итна помош се пренесени две девојки на возраст од околу 28-30 години кои заработиле повеќе скршеници во телото.

519

Тешка сообраќајка утрово се случила на патниот правец Лежа-Скадар при што се повредени неколку лица, велат извори за Плусинфо.

Во несреќата учествувале два автомобили и еден кампер.






Медиумите во Албанија пренесуваат дека во болницата во Лежа со возила на Итна помош се пренесени две девојки на возраст од околу 28-30 години кои заработиле повеќе скршеници во телото.

Германската двојка која патувала во кампер е надвор од животна опасност и покрај тоа што нивното возило завршило во ендекот покрај патот.

На фотографиите се гледа едно возило кое е превртено наопаку на неколку метри од патот, камперот е излетан на страната на патот, додека другиот автомобил е на патот, а кој поради сударот речиси и да го нема предниот дел.

Според информациите од терен, сообраќајот се одвива отежнато, а присутни се полицијата и брзата помош.

Поврзани содржини