Страшен земјотрес блокираше автопат во Калифорнија, огромни карпи се тркалаа кон возилата (ВИДЕО)
Најсилниот земјотрес во последните две децении, според експертите, направил голема штета на автопатот и камења паѓале на коловозот. Одронот оштетил неколку возила, но за среќа нема повредени.
Земјотрес со јачина од 5,9 степени по Рихтер вчера попладне ја погоди границата меѓу Калифорнија и Невада, пренесува Н1.
Најсилниот земјотрес во последните две децении, според експертите, направил голема штета на автопатот и камења паѓале на коловозот. Одронот оштетил неколку возила, но за среќа нема повредени.
Во продолжение, погледнете го видеото:
Whoa! Check out this video of a rockslide in Mono County after several earthquakes were reported in Northern California.
See more >> https://t.co/aCYGAf44Iz pic.twitter.com/nVGFS96HRo
— kcranews (@kcranews) July 9, 2021
Епицентарот беше регистриран јужно од езерото Тахо во Калифорнија. Следувале неколку нови земјотреси, од кои најмалку еден со јачина од 4,6 степени.
– Ова е најсилниот земјотрес што го погоди регионот во последните две децении. Имаше нешто повеќе од 5,9 степени во Ритер, но за просечен човек тоа беше јачина од 6 – изјави за Ју-Ес-Еј Тудеј, Грем Кент, директор на сеизмичката лабораторија на Универзитетот во Калифорнија.
Погледнете ја снимката од возачи кои минуваат на патот:
Boulders everywhere after earthquake on i395 #earthquake #california #roadtrip pic.twitter.com/Bdw4he17ni
— Brett Durrant (@brettdurrant) July 9, 2021
Првично, беа пријавени два земјотреса, но се покажа дека тоа е само еден, кој се почувствувал во соседните две земји на 160 километри од епицентарот. На ваков земјотрес жителите на Калифорнија и Невада не се сеќаваат.
Кога зборуваме за одрон на земјиште, видете како „се лизгаше“ селото Атами во Јапонија: