СТОИЛКОВСКИ БАРА ОСТАВКА ОД СПАСОВСКИ Наместо истрага за аферата „љубовникот на Водно“ МВР го бара свиркачот

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ бара оставка и од командантот на единицата „Тигри“ бидејќи го нарушил нејзиниот углед.

677

Kако во најстрашна диктатура, МВР на Спасовски наместо да се справува со криминал, наместо да бара кој е тој што предизвикал ужасна потера и несреќа во која се повредени тројца полицајци, МВР на Спасовски спроведува истрага кој е свиркачот што ги откри небулозите за потерата, за случајот познат како „љубовникот на Водно“, случај којшто не смееше никако да се обиде да биде затворен со НН, со непознат сторител, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Тој рече дека МВР наместо да ја открие вистината, бара кој ги снимил фотографиите и кој кажал дека Митко Даневски, командантот на „Тигрите“ бил во службениот автомобил и по него на Водно се водела потерница во која се повредени тројца млади полицајци.






– Важно е кој контактирал со опозицијата. А тоа открива само едно – дека криете и дека лажете! И го потврдувате сомнежот кон Даневски. Тој веќе нема углед за таа функција и се понатаму ќе продолжи да оди на штета на МВР, на чесните припадници на Тигрите, чесните полицајци, на луѓето коишто ја почитуваат униформата и заклетвата дека ќе го почитуваат и штитат законот и Македонија!

Тој ваквиот однос на МВР кон случајот го окарактеризира како диктатура.

– Е ова почитувани е ДИКТАТУРА! Малтретираат чесни граѓани коишто ја љубат вистината, заради нивните местенки и лаги! И колку поголем е притисок што го правите, толку е поголем бројот на свиркачи со сведоштва и документи за ова злодело-криење на вистината за можна кривична пријава за предизвикување на сообраќајна несреќа со последици и бегство и неукажување на прва помош! -рече Стоилковски.

Тој побара оставки за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, бидејќи  една седмица нема ништо од истрага и од командантот на „Тигрите“ Митко Даневски бидјќи го нарушил угледот на специјлната единица и ништо не демантирал од изнесеното во аферата.

– Седум дена нема изтрага кој тоа предизвика потера на Водно, тројца полицајци ви се повредени? Седум  дена покажувате само неспособност! Ништо повеќе! Седум  дена никаде го нема Митко Даневски, командантот на полициските  „Тигри“! Најспоменуваниот овие седум дена го нема да демантира, го нема да го заштити угледот на тигрите! И затоа ОСТАВКА Митко Даневски! Даневски го нема по сите прозивки во јавноста да демантира дали тој не бил еден од двајцата на Водно, дали тој не ја возел службената кола фатена од камери, дали тој не бил човекот кој што предизвикал сообраќајка, дали не бил тој што оставил раскрвавени тројца млади полицајци, бегајќи без да им пружи помош?  – рече Стоилковски.

Тој додаде дека една нседмица го нема и автомобилот ниту кај задолжениот ниту во гаражите на МВР.

 

Поврзани содржини