Стигнаа нови 12.870 дози од вакцините на „Фајзер“

Во земјава утре треба да пристигнат и 20.000 вакцини на „АстраЗенека“ од Грција.

218

Нови 12.870 дози вакцини „Фајзер“ пристигнаа денеска во земјава од редовната пратка што ја добиваме секој понеделник, информира Министерството за здравство.

8.190 дози од нив се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4.680 се во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe).






Во земјава утре треба да пристигнат и 20.000 вакцини на „АстраЗенека“ од Грција.

– Оваа донација е многу значајна за нас. Голема благодарност до грчкиот народ и до амбасадорот на Република Грција кај нас, Русос Кундурос. Пристигнувањето на новите дози вакцини се одвива навремено и, согласно ова, имунизацијата има одличен тек – велат од Министерството за здравство.

Поврзани содржини