Статуата на Брус Ли во БиХ осамна со маска и ракавици

300

Статуата на Брус Ли во Мостар, Босна и Херцеговина, осамна опремена со заштитна маска и ракавици…

Инстраграм-страницата посветена на овој мајстор за боречки вештини наведува дека на тој начин, тој повторно станал симбол на борбата, овојпат против коронавирусот.






Ќерката на Брус – Шенон Ли пак, се потсети на неговата изрека:

„Добриот борач никогаш не е гневен, туку подготвен.“

– …Како што и оваа статуа на Брус Ли, која е опремена со соодветна опрема за ковид-19. Сега го направија и пример за борбата против коронавирусот – додава таа.

Поврзани содржини