СТАРИТЕ И НЕМОЌНИТЕ ОСТАНАА БЕЗ УСЛУГАТА ЗА ПОМОШ И НЕГА ВО ДОМОТ Што ќе правиме сега, очајни се корисниците, но и негувателите

Кој ќе доаѓа сега да ни помогне да го поминеме денот, како ќе се снаоѓаме – се прашуваат старите и немоќни корисници на услугата за нега во домот откако таа ненадејно беше прекината. Нивните негуватели кои останаа без работа се исто така во шок

62

Иако пред само месец ипол, кога пишувавме дека услугата за домашна нега за стари и немоќни лица во Скопје, услуга поради која дури и тие кои немаат никого се чувствуваат како да имаат некој свој, се одржува благодарение на луѓе кои во тој момент веќе трет месец работеа без плата, од Црвен Крст не уверуваа дека оваа услуга не само што нема да згасне, туку ќе продолжи да се развива, деновиве се случи токму тоа. Старите и немоќни корисници останаа без посетите на негувателите во рамките на бесплатната услуга, а негувателите кои беа ангажирани со договор преку Црвениот крст, останаа без работа. И едните и другите буквално, од денес за утре.

Тетка Марија од Скопје, жена на свои 90 години, била вознемирена по повикот со кој жената од Црвен Крст која доаѓа кај неа во рамките на споменатата услуга за домашна нега на стари и немоќни лица, ја информирала дека повеќе нема да доаѓа бидејќи услугата престанува.






Истото се случува и со останатите корисници кои се очајни поради престанокот на услугата. Чичко Драги прашува – „кој ќе доаѓа сега да ни помогне да го поминеме денот, како ќе се снаоѓаме, немаме сите големи пензии за да одиме во дом или да плаќаме приватни услуги?“

За лошата вест тие биле информирани од нивните негуватели откако и самите ја добиле оваа информација само еден ден пред услугата да биде прекината.

– Според насоките од секретарот на ЦК почнувајќи од утре, услугата на терен нема да се дава се до потпишувањето на новиот управен договор – биле информирани негувателите. Меѓу другото, во информацијата стои и дека ќе биде направен прекин на решенијата на сите корисници и дека во моментов нема информации за точниот датум на потпишување на договорот, ниту за деталите околу самиот процес.

Во меѓувреме, корисниците на услугата, сите луѓе во години кои живеат сосема сами, се очајни.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини