ССМ ПРЕМОЛЧУВА ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ КАКО ОПОЗИЦИЈА ГО ЗАШТИТИ РАСТОТ НА ПЛАТИТЕ Со 40 амандмани издејствувавме миминалецот да остане во формулата за пресметка
Пред две години, како опозиција, не дозволивме минималната плата да биде исфрлена од формулата за пресметка на платите на административните службеници. Токму затоа денес платите растат секогаш кога расте минималната плата, тоа е факт, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски.
Денеска повторно сме должни да ја кажеме вистината – истите тие кои денеска зборуваат за недостиг од социјален дијалог ги потсетуваме на јануари 2024 година, кога тогашната влада на СДСМ и ДУИ поднесе пакет закони со кои сакаше суштински да ја смени методологијата за пресметката на платите, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски.
– Да бидеме целосно прецизни. Со тие законски измени се предвидуваше минималната плата повеќе да не биде дел од формулата за пресметка на платите на административните службеници и покрај тоа што истота беше дел од колективниот договор кој тогаш го потпишаа Сојузот на синдикатите и владата на СДСМ! Тоа ќе значеше дека секое идно зголемување на минималната плата нема автоматски да се одразува врз останатите плати во јавниот сектор. Или да кажеме појасно – прекин на линеарниот раст и слабеење на заштитниот механизам за работниците – рече Стојановски.
Дополнително, додаде пратеникот, последните измени на текстот тогаш не беа ставени ниту на ЕНЕР.
– Синдикатите тогаш јасно посочија дека првпат се запознале со предлог-законот од веб-страницата на Собранието. Немаше вистинска јавна расправа. Немаше суштински социјален дијалог преку Економско-социјалниот совет. Кој реагираше тогаш – рече пратеникот.
Тогашното раководство на ССМ дојде во Собранието, додаде Стојановски.
– Заедно со нас, како тогаш опозициска ВМРО-ДПМНЕ, поднесовме амандмани и го спречивме носењето на тој закон. Не дозволивме минималната плата да биде исфрлена од формулата. Не дозволивме платите да станат одвоени од реалниот раст на минималната плата. Токму затоа денес платите растат секогаш кога расте минималната плата. Тоа е факт – рече Стојановски.
Тогаш поднесовме над 40 амандмани, посочи тој.
– Еден од тие суштински амандмани беше токму предлог на ССМ – минималната плата и понатаму да биде дел од пресметката, со што линеарно би се зголемувале и другите примања. Ние и сега сме доследни. Затоа прашањето денес е едноставно: Зошто се премолчува што се случуваше во 2024 година? Зошто денес Трендафилов не го кажува тоа? Зошто не се кажува дека токму со заедничка акција го заштитивме принципот минималната плата да остане основа за пресметка – праша Стојановски.
Ние тогаш не дозволивме набрзина, со европско знаменце и со скратена постапка, да се протне решение што ќе ги чини работниците, додаде тој.
– Денес, како власт, продолжуваме да го почитуваме истиот принцип – системски, институционално и со јасни правила. Разликата е очигледна. Кога сме во опозиција – спречуваме штета. Кога сме на власт – обезбедуваме системски раст. Работниците заслужуваат стабилност, предвидливост и целосна вистина. Не селективна меморија, не дневна политика – рече денеска пратеникот Бојан Стојановски.