Враќањето на Северина во Загреб и кршењето на полицискиот час во Белград не се случиле туку така, туку наводно биле резултат на несогласувањата во семејството Којиќ, кои според српските медиуми ги предизвикало хрватската пејачка. Во екот на пандемијата, Северина (48) престојуваше со Игор (32) во Белград, во семејната куќа на Којиќ, а се надеваше дека ќе успее да го види својот син, пишува „24сата.хр“.
Српски „Информер“ оди толку далеку така што пишува и дека Северина и Игор Којиќ после ова ќе се разведат и дека од моментот кога пејачката изиритирана од расправиите се упатила во Загреб, не се слушнале и воопшто не комуницираат.
Медиумите во регионот ги преплави веста дека Северина и Игор Којиќ повторно се разведуваат, и тоа поради најбизарната причина досега – базенот на Драган Којиќ Кеба, пишуваат српските медиуми.
Според написите во српските медиуми, сè започнало кога Северина побарала базенот во куќата на нејзиниот свекор Кеба да се наполни со морска вода. Оваа идеја ѝ паднала на ум за времепрестојот во Белград.
Игор ѝ објаснил дека во време на криза не е паметно да се вложува во нешто непотребно, за како што се изјаснил, Севе да може да ужива и да има убави фотографии на Инстаграм
Наводно, Кеба му рекол на синот да ја смири малку сопругата и тука настанал хаосот меѓу сопружниците.
Малку подоцна, Северина ги спакувала своите работи, ја напуштила куќата и заминала за Хрватска, а со Игор не се виделе 21 ден.