СРПСКИТЕ КОМПАНИИ ЌЕ ИЗВЕЗУВААТ ВО САД БЕЗ ЦАРИНИ? Стапката 0% ќе важи додека траат преговорите

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави за РТС дека царините за стоката од Србија ќе останат на нула „уште некое време“, а по завршувањето на разговорите очекува конечната стапка да биде меѓу 10 и 12 проценти.

0

За српските компании, американскиот пазар преку ноќ станува значително подостапен. Царинската стапка којашто, според српските власти, од минатиот август изнесувала 35 проценти, привремено се намалува на 0% додека Белград и Вашингтон ги продолжуваат трговските преговори.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави за РТС дека царините за стоката од Србија ќе останат на нула „уште некое време“, а по завршувањето на разговорите очекува конечната стапка да биде меѓу 10 и 12 проценти.






„Во одреден момент ќе бидат 10 или 12 проценти, но засега, додека траат разговорите, царините се нула“, рече Вучиќ, оценувајќи дека и идната стапка би била значително поповолна од претходните 35 проценти.

Одлуката, според него, е особено важна за српските производители што извезуваат во САД, но и за странските компании што размислуваат да отворат фабрики во Србија и оттаму да го снабдуваат американскиот пазар.

Високите царини, како што наведе, претставувале сериозна пречка во разговорите со јапонски и други азиски инвеститори. Затоа очекува нивното укинување да отвори простор за нови вложувања вредни стотици милиони долари, како од компании што веќе работат во Србија, така и од нови јапонски, корејски и американски инвеститори.

Србија претходно беше погодена и од посебни американски давачки за стратешки производи, меѓу кои челикот, алуминиумот, бакарот и автомобилите. Царината од 35 проценти дополнително ја намали конкурентноста на српската стока и создаде проблеми за домашните и странските компании што произведуваат за американскиот пазар.

Вучиќ рече дека американската страна разгледувала повеќе прашања – неповолни трговски практики, фармацевтски производи, дигитални даноци и постапувањето против принудната работа. Според неговото толкување, Србија не била опфатена со повеќето од новите ограничувања.

Привременото укинување на царините ѝ дава на Србија важен период за зголемување на извозот и привлекување инвестиции. Но, конечниот ефект ќе зависи од договорот со Вашингтон, од производите што ќе бидат опфатени и од тоа дали најавената идна стапка навистина ќе остане во границата од 10 до 12 проценти.

Поврзани содржини