СЕ ПОКАЖА СЕТА БЕДА НА КОАЛИЦИЈАТА СДСМ, ДУИ, ТАРАВАРИ Да не беше Лимани нивни градоначалник ќе се отепаа од барање оставка!

Бидејќи е градоначалник од нивните редови, кој самиот изјави дека не чувствува никаква грижа за тоа што здравјето на неколку илјади граѓани го стави во опасност, од опозицијата нема никаква осуда – посочува ВМРО-ДПМНЕ.

0

Опозицијата е морално капитулирана и без никаков компас. Она што се случи во Гостивар, токму поради неажурноста и незаинтересираноста на локалната власт, предводена од Валбон Лимани, покажа колку коалицијата СДСМ, ДУИ и Таравари не се грижи за граѓаните, се вели во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Да не беше градоначалник од нивните редови веднаш ќе држеа прес-конференции и ќе бараа одговорност. Но, бидејќи е градоначалник од нивните редови, кој патем самиот изјави дека не чувствува никаква грижа за тоа што здравјето на неколку илјади граѓани го стави во опасност, од опозицијата нема никаква осуда. Така на пример, СДС се занимава со спинување на информации и собирање дневно-политички поени и со ширење на неточни и непрецизни информации, и се обидува и од оваа криза да извлече нешто за себе“ – се посочува во партиското соопштение.






Според ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата СДСМ, ДУИ и Таравари преку молк се обидува да си го заштити својот политички комодитет.

„Оттука, може да заклучиме дека на површина исплива нивната политичка беда и дека им пропадна фасадата дека се борат за правда. Институциите работат и ќе ги утврдат фактите, а секој што има одговорност за овој случај ќе мора да сноси соодветни последици согласно законите“ – истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини