ДОЛГИ КОЛОНИ ВОЗИЛА ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА На преминот Богородица-Евзони се чека по два часа

На граничниот премин Табановце, пак, за влез во државата се чека околу 30 минути.

0

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица е забележана зголемена фреквенција на возила, при што времето на чекање за излез од државата изнесува околу два часа, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

На граничниот премин Табановце, пак, за влез во државата се чека околу 30 минути.






На останатите гранични премини од македонска страна, засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ.


Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината на движење на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони.

Посебна внимателност се препорачува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини